Sunday, November 22, 2015

Луѓе

Овoј блог служи само за едукација. Ве молам не пишувајте некултурни и вулгарни зборови во "Comments". Ви благодарам на вниманието.


Според научниците човекот има најкомплицирана градба и е најинтелегентен од сите други живи организми. Како на сите други организми, така и на човекот му е потребно вода, воздух, храна и топлина.
За да им се олесни животот, луѓето имаат направено многу модификации во природата, но поради тоа ја има загадено многу земјата.
Човекот е сештојад (omnivore) и речиси секогаш е на врвот на синџирот на исхраната. Тој исто така е потрошувач, што значи дека јаде готова храна произведена од страна на произведувачите (растенијата).
Клетките на човекот се животнински. Тие имаат клеточна обвивка, јадро и цитоплазма. Во нив се извршуваат сите животни процеси. Човекот може да чувствува надворешни дразби со помош на некои органи наречени сетила. Тие се:

  • увото за слух,
  • јазикот за вкус,
  • очите за вид,
  • носот за мирис и
  • кожата за допир.
Научникот Чарлс Дарвин направил хипотеза дека човекот еволуирал од мајмунот поточно човеколикиот мајмун, но тоа се уште не е докажано.


Запознавање со Биологија

Овoј блог служи само за едукација. Ве молам не пишувајте некултурни и вулгарни зборови во "Comments". Ви благодарам на вниманието.


Биологијата е една од четирите природни науки. Другите се физика, хемија и географија. Биологијата ги проучува живите организми (луѓе, животни, растенија и микроорганизми). На сите живи организми им е потребна храна, вода, воздух и топлина/светлина. Освен тоа сите живи организми се изградени од многу клетки. Единствено некои микроорганизми се изградени од една единствена клетка.
Клетките ги извршуваат сите животни процеси. Тие се:

  • исхрана,
  • дишење,
  • излачување,
  • осетливост,
  • движење,
  • растење и
  • размножување.
Исто така живите организми се поделени во 5 царства:

  1. бактерии,
  2. протисти (алги и праживотни),
  3. габи,
  4. растенија и
  5. животни.
Во блогов јас ќе пишувам што знам за биологија. Пред да го напишам ова не сум користел ништо за информации освен мојот учебник по биологија.