Tuesday, December 8, 2015

Растенија

Овoј блог служи само за едукација. Ве молам не пишувајте некултурни и вулгарни зборови во "Comments". Ви благодарам на вниманието.


Растенијата исто така им е потребно храна, вода, воздух и топлина како и другите организми, но за разлика од човекот и животните кои се потрошувачи, растенијата се произведувачи. Тие произведуваат органска храна од неорганска. Тие имаат помалку органи, а тие се листови, стебло, корен, цвет, плод и семе. Тие произведуваат храна со фотосинтеза. Тоа е процес каде претвараат неорганска храна во органска. Тоа се случува најчесто во пролет, лето и есен. Во зима не вршат фотосинтеза бидејќи за тоа им се потребни, сонце и вода, а тие ги има малку во зима. Тие исто околу нивните клетки имаат клеточен ѕид и во нив има повеќе органели отколку во животинските. Тие се делат на семени и несемени.

Несемени растенија се папратите и мововите. За разлика од други растенија кои се размножуваат со семе, несемните растенија се размножуваат со спори бидејќи немаат семиња па од каде го добиле името. Спори се мали топчиња кои се наоѓаат во мали торбички во растението и кога ќе паднат на влажна површина ќе почнат да растат. Габите исто така се размножуваат со спори.

Семените растенија се размножуваат со семиња и ако имаат поволни услови ќе пораснат во растение. Семени растенија се делат на скриеносемени и голосемени.

Голосемените растенија се тие чие семе не е покриено со плод.
Такви се сите зимзелени растенија како бор, елка, смрека и др. Зимзелените растенија се викаат така бидејќи остануваат зелени и за време на зимата за разлика од листопадните чиј листови паѓаат во есен и дрвјата остануваат голи во зима. 

Скриеносемени растенија се тие чиј семиња се покриени со плод. Такви се многу листопадни растенија и грмушки...

ПОВЕЌЕ ПОДОЦНА!



Животни

Овoј блог служи само за едукација. Ве молам не пишувајте некултурни и вулгарни зборови во "Comments". Ви благодарам на вниманието.


Животните како и сите други организми потребни им се вода, воздух, храна и топлина. За разлика од човекот некои животни можат да летаат, да дишат под вода, да трчаат многу побрзо од нив и друго. Тие се делат на повеќе царства, а тие се:
  • Цицачи
  • Птици
  • Риби
  • Рептили
  • Водоземци
Сите царства имаат свои карактеристики и секое животно е во едно царство.

Цицачите се животни кои се раѓаат од стомакот на мајките и тие кои цицаат млеко од мајките па оттука и името. Примери за цицачи се: човекот, мачката, кучето, мечката, нилскиот коњ, зајак, глушец и друго. Интересен факт е што сите видови на лилјаци се едниствени цицачи кои можат да летаат. Исто така делфините и китот се единствени цицачи кои можат да издржат под вода за долго време.

Птиците се животни кои се раѓаат од јајца. Речиси сите птици можат да летаат, но има мал број птици кои не можат да летаат како нојот и пингвинот, но затоа нојот може да трча многу брзо на земја, а пингвинот е професионален пливач. Исто така голем број птици мигрираат на потопли места кога доаѓа зимата. Примери за птици се: гулаб, славеј , штрк, лебед, ној, кокошка, патка и др.

Рибите се раѓаат од јајца. Сите риби живеат под вода и неможат да дишат надвор од вода. Примери за риби се: пастрмка, сом, крап, ајкула и др.

Рептилите исто така се раѓаат од јајца. Сите рептили се ладнокрвни што значи дека неможат да издржат ниски температури па затоа во есен и во зима се кријат во топли места. Некои од нив живеат во вода како крокодилите и морските смии. Примери за рептили се: гуштери, змии, камелеони, крокодили и др. Се вели дека и диносаурусите кои жиееле милиони години пред човекот биле рептили.

Водоземците се животни кои се раѓаат од јајца што значи дека цицачите се единствени животни кои не се раќаат од јајце. Водоземците живеат во влажни места како мочуришта и бари. Тие можат да живеат и во вода и давор од неа. Примери за водоземци се: жаби, полноглавци, некои видови змии и др.

Освен тие царства ги има и инсектите кои ги има низ целиот свет криејќи се во почва, во дрвја и др. И тие се раѓаат од јајца. Сите од нив ќе се родат како ларви, а подоцна внатре во кукла ќе пораснат во поразвиен исект. На пример гасеница > кукла > пепертука. Примери за инсекти се: гасеница, пепертука, црв, пчели, мравки, оси и др.