Tuesday, December 8, 2015

Растенија

Овoј блог служи само за едукација. Ве молам не пишувајте некултурни и вулгарни зборови во "Comments". Ви благодарам на вниманието.


Растенијата исто така им е потребно храна, вода, воздух и топлина како и другите организми, но за разлика од човекот и животните кои се потрошувачи, растенијата се произведувачи. Тие произведуваат органска храна од неорганска. Тие имаат помалку органи, а тие се листови, стебло, корен, цвет, плод и семе. Тие произведуваат храна со фотосинтеза. Тоа е процес каде претвараат неорганска храна во органска. Тоа се случува најчесто во пролет, лето и есен. Во зима не вршат фотосинтеза бидејќи за тоа им се потребни, сонце и вода, а тие ги има малку во зима. Тие исто околу нивните клетки имаат клеточен ѕид и во нив има повеќе органели отколку во животинските. Тие се делат на семени и несемени.

Несемени растенија се папратите и мововите. За разлика од други растенија кои се размножуваат со семе, несемните растенија се размножуваат со спори бидејќи немаат семиња па од каде го добиле името. Спори се мали топчиња кои се наоѓаат во мали торбички во растението и кога ќе паднат на влажна површина ќе почнат да растат. Габите исто така се размножуваат со спори.

Семените растенија се размножуваат со семиња и ако имаат поволни услови ќе пораснат во растение. Семени растенија се делат на скриеносемени и голосемени.

Голосемените растенија се тие чие семе не е покриено со плод.
Такви се сите зимзелени растенија како бор, елка, смрека и др. Зимзелените растенија се викаат така бидејќи остануваат зелени и за време на зимата за разлика од листопадните чиј листови паѓаат во есен и дрвјата остануваат голи во зима. 

Скриеносемени растенија се тие чиј семиња се покриени со плод. Такви се многу листопадни растенија и грмушки...

ПОВЕЌЕ ПОДОЦНА!



No comments:

Post a Comment